24фудбал

Вардар поразен од Еспањол

Фудбалерите на Вардар до 18 години доживеаја пораз од Еспањол од 3-1 во второто коло од групата Д на „Турнирот на пријателство“ кој се игра на Златибор.

Македонија

По синоќешните 1-1 против Удинезе, надежите на Вардар денеска се поразени од екипата на Еспањол.

Еспањол поведе со гол на Ровиралта во 27. минута, само четири минути подоцна Колевски го изедначи резултатот на 1-1 и со реми се отиде на одморот. Во второто полувреме Еспањол преку Пахес и Хил дојде до победата од 3-1.

Утре на програмата е последното коло кое Вардар го игра против Олимпија од Љубљана. Тоа ќе биде последниот меч на Вардарци во Златибор бидејќи немаат шанси за првото место кое носи во полуфинале.