24фудбал

АС: Салах понуден на Барса како замена за Гризман

Мадридски АС има интересна сторија за трансфер плановите на Барса, весникот вели дека Мохамед Салах им е понуден на „Каталонците“ како замена за Антоан Гризман

Шпанија

Антоан Гризман е целта број 1 на Барселона ова лето, клубот од Камп Ноу јавно призна дека во неколку наврати оствариле контакт со Французинот. Шампионот на Шпанија планира да ја активира неговата откупна клаузула вредна 100 милиони евра, и со месеци се пишува дека има договор помеѓу Барса и Антоан Гризман.

Но со оглед на тоа дека една ваква зделка е возможна дури по 1. јули, Атлетико Мадрид прави се за да го убеди играчот да продолжи на Ванда Метрополитано. Како одминува времето, се почесто се говори за негово останување, па „Каталонците“ разгледуваат и план Б.

Денешното издание на АС пишува дека Мохамед Салах е понуден на Барса и во моментов се водат преговори.

Весникот пренесува дека биле остварени неколку средби помеѓу луѓе од доверба на Мохамед Салах и членови на Барселона, двете страни дискутирале и ја разгледувале можноста Египјанецот да се пресели на Камп Ноу доколку пропадне трансферот на Антоан Гризман.

АС исто така додава дека Ливерпул е расположен за продажба на Мохамед Салах, но тој ќе чини многу повеќе од 100 милиони евра. Според оваа сторија, Набил Фекир од Лион, со кого „Црвените“ се во преговри, ќе биде замена за Египјанецот на Енфилд.