24фудбал

Големо засилување за Шкупи, Муарем Муарем е нов фудбалер на чаирчани

Шкупи покажува амбиција во летниот преоден рок, прво засилување е Муарем Муарем кој поголем дел од својата кариера помина во странство.

Македонија

Шкупи денеска го презентираше Муарем Муарем како ново засилување во тимот. Чаирчани се спремаат за настап во квалификациите од Лига Европа, па уште на почетокот од преодниот рок сакаат да го појачаат составот.

„Се надевам дека брзо ќе се адаптирам на тимот и ќе помогнам да се остварат планираните цели и да имаме добар настап во Лига Европа, клубот да ја врати славата од минатото“, вели Муарем Муарем.

Тој кариерата ја започна во Работнички, играше една сезона и за Тетекс по што замина во странство каде го носеше дресот на Ордуспор, Карабак, Ескишехиспор, Карабак и Актобе.

Фото: ФК Шкупи