24фудбал

Рамос нека му ја мисли, еве каква закана до Шпанецот испрати „ѕверот“ Акинфенва (ВИДЕО)

Однесувањето на Серхио Рамос во финалето од Лигата на шампионите беше прокоментирано и од најсилниот фудбалер во Премиерлигата, „ѕверот“ Адебајо Акинфенва испрати закана која за среќа е само шега

Лига на Шампиони

Капитенот на Реал Мадрид е негативец во очите на навивачите на Ливерпул по инцидентите кои ги имаше во Киев со голманот Лорис Кариус и Мохамед Салах. На оваа тема се огласија еден куп луѓе изминатиов период, а сега свој коментар даде и Адебајо Акинфенва.

Најсилниот фудбалер на „Островото“ е голем фан на „Црвените“ па очигледно не му се допадна однесувањето на Серхио Рамос.

Популарниот „ѕвер“, кој е свесен дека никогаш нема да се сретне на терен со дефанзивецот, вели дека Шпанецот е среќен што двајцата никогаш нема да ги одмерат силите и му покажа што ќе се случи при евентуален дуел.

Адебајо Акинфенва со раце прекрши копачка на половина. Сепак, тој на крајот од видето добро се изнасмеа, па јасно е дека станува збор само за шега.