24фудбал

Меси флертува со Гризман: Тој е играчиште, лесно ќе се разбереме на теренот

Барселона ги користи сите оружја за да го убеди Антоан Гризман да се пресели н а Камп Ноу, Французинот доби многу пофални зборови од првата ѕвезда на „Каталонците“, Лео Меси

Шпанија

Шампионот на Шпанија сака да го донесе Антоан Гризман во свите редови ова лето, Барселона е подготвена да ја активира неговата откупна клаузула вредна 100 милиони евра.

Но Атлетико Мадрид не сака да се раздели со својата ѕвезда и лидерите на клубот прават силни напори да го обноват договорот на Французинот. Во последно време се почесто се говори дека Французинот навалува кон останување, па Барса сега вади џокер и преку Лео Меси го примамува напаѓачот.

„Секогаш го велам истото. Добрите играчи лесно се разбираат а Гризман е еден од најдобрите и во моментов поминува низ неверојатен момент од кариерата. Тренерот е тој кој треба да види како ќе ги вклопи сите, но јасно е дека тој е играчиште и лесно ќе се разбираме на теренот“ – вели првата ѕвезда на Барселона.

Со евентуално пристигнување на Антоан Гризман, на Камп Ноу ќе има пеколна конкуренција во нападот со имиња како Меси, Суарез, Дембеле и Кутињо.

„Се ќе зависи од тренерот ако дојде Гризман, иако ова не е 100% сигурно, но колку повеќе квалитетни играчи имаме толку подобро. Сакаме да бидеме најдобриот тим во светот и затоа ги сакаме најдобрите, а тренерот е тој кој треба да му ја мисли како ќе го состави тимот, тоа е негов проблем“.