24фудбал

Во Португалија убедени: Роналдо си оди од Реал, познати можните дестинации!

Денешното издание на португалскиот Рекорд вели дека Кристијано Роналдо решил да замине од Реал Мадрид, одлуката на ЦР7 за збогување од „Кралевите“ е неповратна

Шпанија

Иднината на Португалецот на Сантијаго Бернабеу виси во воздух од финалето во Лигата на шампионите, кога самиот играч по последниот свиреж во Киев најави заминување.

Денешното издание на Рекорд има сторија на оваа тема, португалскиот весник го стави Роналдо на својата насловна страна и пренесе: „Кристијано заминува од Мадрид“.

Извештајот вели дека ЦР7 решил да го напушти Реал и одлуката за збогување со „Кралевите“ е конечна и неповратна. Како причина за ваквиот потег на играчот весникот го посочува Флорентино Перез, односно неисполнетите ветувања кои ги дал претседателот.

„Не се работи за пари, туку за признание“ – вели Рекорд и открива каде Роналдо би можел да игра: „Италија, Франција и Англија се можни дестинации“.