24фудбал

Реал понудил двојно повеќе од Барса, „Кралевите“ со 45 милиони крадат уште еден бисер од Бразил

Флорентино Перез очигледно никако да преболи тоа што Нејмар заврши во Барса а не во Реал, па „Кралевите“ продолжува да се одмаздува и со далеку посупериорна понуда се на чекор до Родриго од Сантош

Шпанија

17 годишниот Родриго е новиот фудбалски бисер на Бразил а Барселона и Реал Мадрид се клубовите кои сериозно загризаа за тинејџерот.

„Каталонците“ со месеци прават одиди да го ангажираат напаѓачот и понудиле 20 милиони евра. Но се чини дека Реал Мадрид ќе го украде и овој супер талентиран играч со далеку посупериорна понуда.

Глобоеспорте пренесува дека „Кралевите“ го известиле Сантош дека се подготвени да искешираат 45 милиони евра, сума која е блиску до откупната клаузула на играчот (50 милиони евра).

Ова не е прв пат Реал Мадрид вака да се расфрла со пари само за да стигне пред Барселона до потписот на вундеркид од Бразил. Откако Флорентино Перез ја загуби битката со „Каталонците“ за Нејмар, првиот човек на „Кралевите“ внимателно следат кога ќе се појави новото чудо од дете од Бразил

Пред речиси една година, Барселона беше на чекор до потпис со Винисиус од Фламенго, но тогаш Реал Мадрид стапи на сцена, понуди 45 милиони евр (20 милиони евра повеќе од лутите ривали) и го договори играчот кој тогаш имаше само 16 години.

Родриго во моментов се најавува како новиот Нејмар, а пред 12 месеци истите етикети му се лепеа и на Винисиус. Флорентино Перез сака да го донесе и Нејмар на Сантијаго Бернабеу, па ќе биде интересно во иднина да се видат сите тројца Бразилци во ист тим.