24фудбал

Реал Мадирд ќе даде 100 милиони евра за да му го купи голманот на големиот ривал!?

Манчестер јунајтед и Челси може да здивнат, Реал Мадрид нема да тргне ниту по Де Геа ниту по Куртоа, тие имаат друг план.

Шпанија

Според португалскиот весник „А бола“, Реал Мадрид е подготвен да даде 100 милиони евра и да го купи голманот на Атлетико Мадрид, Јан Облак.

Тоа е сумата од откупната клаузула во договорот на Облак, па Атлетико Мадрид нема да може да го спречи овој голем напад од градскиот ривал.

Ако Реал Мадрид навистина има таква намера, треба да добие само согласност од Облак и трансферот ќе се реализира. Словенецот ќе стане најскапиот голман во историјата на фудбалот.

Весникот пишува дека конечната одлука ќе зависи и од новиот тренер на Реал Мадрид кој наскоро треба да биде именуван.

Ваков трансфер би израдувал три Премиерлигаши, Манчестер јунајтед и Челси ќе бидат мирни бидејќи Реал Мадрид нема да тргне по Де Геа и Куртоа, а Ливерпул ќе биде единствен кандидат за потписот на Алисон иако и тие ја разгледуваат опцијата за ангажман на Облак.