24фудбал

Реал Мадрид со италијански шмек од идната сезона!?

Реал Мадрид не може брзо да го најде наследникот на Зинедин Зидан, но според медиумите блиски до клубот сега има нов фаворит.

Шпанија

„Марка“ пишува дека Антонио Конте сега е прв фаворит за тренерското столче во Реал Мадрид откако пропадна можноста Маурисио Покетино да седне на него.

Конте се уште официјално не се разделил со Челси но тоа треба да се случи наскоро а на негово место во Лондон ќе пристигне Сари или Блан.

Маурисио Покетино пред кратко време потпиша нов договор со Тотенхем и сака да покаже лојалност и да остане во клубот и покрај тоа што на неговата врата тропна Реал Мадрид.

Кралскиот клуб е на мака да најде нов стратег, а последните информации велат дека сега се насочени кон Антониот Конте кој изгледа како реална цел.

Флорентино Перез во него гледа цврста рака која ќе донесе дисциплина во тимот и ќе го одржи континуитетот на добри резултати.