24фудбал

Фенербахче ја доби првата понуда за Елмас!

Поранешен фудбалер на Фенербахче сака да ги искористи конекциите во турскиот гигант.

Македонија

Повеќе нема дилеми дека Ангарагучу, старо-новиот турски прволигаш е сериозно заинтересиран во своите редови да го доведе македонскиот репрезентативец Елиф Елмас.

Според информациите кои ги пренесе „Фанатик“, а воедно и другите тамошни медиуми, тимот кој од клупата го предводи поранешниот фудбалер на Фенербахче, Исмаил Картал, веќе испратил и понуда до тимот од Истанбул за Македонецот.

Понудата која Фенербахче ја доби за Елмас е барање за позајмица од една година, а тоа би значело поголема минутажа за нашиот фудбалер кој не добиваше многу прилика за докажување од Ајкут Кочаман, па сега сее во рацете на шефот на стручниот штаб на турскиот гигант.


 

Извор: fanatic.com.tr