24фудбал

Марсело ги коментираше најавите за трансфер на Нејмар кај Кралевите и порача: Роналдо не го поседува Реал Мадрид

Бразилецот има свое видување во случајот со својот сонародник Нејмар.

Шпанија

Подолг период се шпекулира дека претстои сензационален трансфер на Нејмар во Реал Мадрид, тоа наводно би можело да се случи уште летово, и тоа на само една година по неговиот трансфер во ПСЖ каде премина од лутиот ривал на Кралевите, Барселона.

Марсело вели дека Роналдо не го поседува Реал Мадрид, доколку Перез донесе некоја одлука, секој би можел да се најде во клубот, за  Нејмар истакна дека еден ден ќе игра во дресот на Кралевите, бидејќи сите најдобри фудбалери играле, и ќе играат во тој клуб.

Кристиано (Роналдо) не го поседува Реал Мадрид, доколку претседателот (Перез) одлучи, секој би можел да се најде таму. Не постои нешто за Нејмар да не се најде таму поради тоа што Роналдо е таму. Јас сум многу сигурен дека Роналдо ќе остане во Реал Мадрид, сите фудбалери посакуваат тој да остане, но, тоа не е поврзано со Нејмар, за него секогаш вратите од Реал Мадрид ќе бидат отворени“ издвои Марсело.

Јас мислам дека сите најдобри фудбалери во светот мораат да играат во Реал Мадрид, ова го кажав пред две, три години, па според тоа Нејмар ќе игра во Реал Мадрид еден ден. Кога? Не знам“ додаде Бразилецот.