24фудбал

Две засилувања од Србија за Работнички

ФК Работнички денеска објави дека во клубот пристигнуваат Љубомир Стевановиќ и Душан Стевиќ од Србија.

Македонија

Работнички ги почна трансфер активностите, двајца новајлии пристигнуваат од нашиот северен сосед.

„Нови фудбалери на нашиот тим се Љубомир Стевановиќ (31), играч за врска, и Душан Стевиќ (22), десен бек, српски интернационалци кои во изминатиот период настапуваа во Грција“, стои во соопштението на Работнички.

„Љубомир Стевановиќ е играч од средниот ред кој во минатото играше за македонскиот клуб Металург, а потоа беше дел од грчките клубови Калони, Трикала и Арис. Во Србија, Стевановиќ има настапувано за Младост Апатин и Банат Зрењанин. Тој потпиша едногодишен договор со ФК Работнички“.

„Душан Стевиќ има 22 години и игра на позицијата десен бек. Тој кариерата ја почна во Раднички Крагуевац, а изминатите две години настапуваше за грчкиот клуб Пансераикос. Стевиќ потпиша двегодишен договор со Работнички“.

Претходни, нови членови на Работнички станаа и Оливер Пеев и Филип Петковски.