24фудбал

Икарди повторно извиси, Сампаоли изненади со замената за повредениот Ланцини

Очигледно ниту повреда на еден офанзивен играч не е доволна Мауро Икарди некако да се најде на списокот за мундијалот, Хорхе Сампаоли го повика Енцо Перез како замена за Мануел Ланцини

СП 2018

Напаѓачот на Интер не се најде на финалниот список за СП 2018 и покрај тоа што има одлична сезона зад себе и беше прв стрелец во Серија А. Вчера се појавија гласини дека тој сепак би можел да добие нова шанса откако тешка повреда заработи Мануел Ланцини.

Сепак, Мауро Икарди одново извиси. Во комбинација беа и Диего Пероти од Рома и Ерик Ламела од Тотенхем, но и тие отпаднаа. Хорхе Сампаоли реши на местото на повредениот Мануел Ланцини да го повика Енцо Перез, одлука која делува прилично изненадувачка.

32 годишниот фудбалер на Ривер Плата е сосема друг профил на играч. Сепак, медиумите пишуваат дека Енцо Перез добил повик бидејќи може да покрие неколку позиции во средниот ред, и тоа било пресудно за Сампаоли особено сега откако Евер Банега се мачи со повреда и не се знае дали ќе биде 100% фит за почетокот на мундијалот.