24фудбал

Баерн ја одреди цената за Алкантара, една лоша и една добра вест за Барса

Медиумите од Шпанија пишуваат дека „Каталонците“ дознале колку ќе чини враќањето на Тијаго Алкантара на Камп Ноу, лоша вест е тоа што Баерн бара 70 милиони евра, но добро е што може да биде вметнат и некој играч

Шпанија

Се шпекулира дека Нико Коваќ ќе прави чистка на Алианц Арена ова лето и еден од играчите кои ќе добијат дозвола да заминат е Тијаго Алкантара. Фудбалерот од средниот ред веднаш беше поврзан со Барселона, и се верува дека „Каталонците“ сериозно размислуваат за враќање на Шпанецот на Камп Ноу.

Последните информации велат дека Барса дознала колку ќе чини една ваква зделка. Баерн Минхен бара 70 милиони евра за услугите на Тијаго Алкантара, што е двојно повеќе од она што тие го платија пред пет години.

Но добра вест е тоа што „Баварците“ се подготвени да ја намалат цената доколку за возрат добијат некој играч. Каталонскиот весникот Спорт пишува дека тоа би можел да биде левиот бек Лука Дињ, кој се проценува на 15 до 20 милиони евра.

Спорт исто така верува дека Барса може да се исценка за дополнителен попуст и да го донесе Тијаго Алкантара за 40 милиони евра плус услугите на Французинот. Весникот вели дека ова воопшто не е лоша зделка доколку во предвид се земе талентот на Шпанецот како и лудите суми кои се плаќаат во денешно време.