24фудбал

Шпанско радио ги откри деталите од договорот кој Реал Мадрид му го нуди на Роналдо

Реал Мадрид му понидил на Роналдо нов договор кој детално е откриен во шпанското радио шок „Ел Партидазо“.

Шпанија

Нејасно е дали Кристијано Роналдо ќе остане во Реал Мадрид, се повеќе се зборува за негово заминување. 

Реал Мадрид на Роналдо му нуди годишна плата од вкупно 32,5 милиони евра годишно, но од нив само 25 милиони му се загарантирани, останатите 7,5 треба да ги заработи од бонуси.

Во радио емисијата „Ел Партидазо“ ги открија деталите за тоа како Роналдо може да дојде до тие дополнителни 7,5 милиони евра.

2 милиони евра за освојување на Лигата на шампионите, 1,5 милион евра за освојување на Примера, 1 милион евра за освојување на Копа дел Реј, 1 милион евра ако ја добие наградата на ФИФА за играч на годината, 1 милион евра за Златната топка, 0,5 милиони евра за за најдобар стрелец во Примера и 0,5 милиони евра за одиграни натпревари.