24фудбал

Реал и Перез ќе му ја исполнат желбата на Лотито, пристигнува понуда за СМС од која боли глава

Медиумите од Италија пишуваат дека Реал Мадрид е подготвен да го приреди третиот најскап трансфер во историјата, „Кралевите“ плаќаат 170 милиони евра за Сергеј Милинковиќ Савиќ

Шпанија

23 годишниот Србин важи за еден од најперспективните млади играчи во Европа и веќе го привлече вниманието на голем број клубови како Манчестер јунајтед, ПСЖ и Јувентус.

Првиот човек на Лацио, Клаудио Лотито неодамна откри дека одбил богата понуда и порача дека бара преку 100 милиони евра за да се раздели со Сергеј Милинковиќ Савиќ.

Според денешното издание на Ил Месаџеро, Реал Мадрид и Флорентино Перез се подготвени за голема инвестиција и ќе му ја исполнат желбата на Лотито со понуда од 150 милиони евра, плус уште 20 додатни милиони во бонуси.

Ова е понуда од која боли глава, и доколку пристигне и во пишана форма, тешко дека „Бјанкочелестите“ ќе можат да одолеат.

„Кралевите“ за Милинковиќ Савиќ веќе имаат подготвени пет годишен договор и плата од 6 милиони евра по сезона. При евентуално реализирање на една ваква зделка, Србинот ќе стане третиот најскап фудбалер во историјата, зад Нејмар и Килијан Мбапе.