24фудбал

Гризман пресече околу најавите за негов трансфер во Барса

Французинот ги пренесе своите очекувања до кога би требало да има конечна разврска.

Шпанија

Антоан Гризман и Франција синоќа ремизираа против САД со 1-1 во последната контролка пред Светското првенство во Русија.

По мечот, ѕвездата на Атлетико Мадрид во изјава за медиумите пресече околу шпекулациите во изминатиов период кои го поврзуваат со трансфер во Барселона.

Мислам дека сеќе биде јасно во претстојната недела“ рече Французинот, па сосема е јасно дека одлуаката ќе падне пред првиот меч на Триколорите на Мундијалот против Австралија, а освен тој противник, за ривали во групата ги имаат уште и Перу и Данска.