24фудбал

Баерн Минхен доби „корпа“ од Бејл, за него постои само една опција во случај да си замине од Реал Мадрид

Велшанецот има само една желба во случај да ја прекине соработката со Кралевите.

Англија

Герет Бејл му одговорил негативно на Баерн Минхен, откако германскиот првак во него гледаше идеална замена за дуото Робен-Рибери.

Според информациите кои ги пренесуваат медиумите на Островот, Велшанецот им испратил порака до челните лица од Баерн Минхен, да не го губат времето во обид да дојдат до неговиот потпис, од причина што за него, единствена опција доколку си замине од Реал Мадрид ова лето е лето е Премиерлигата.

Со ова, останува отворена опцијата Манчестер јунајтед, опција за која се шпекулира подолг период, а тимот од Олд Трафорд добро би го одврзал ќесето доколку сака да го добие потписот на 28 годишниот офанзивец.