24фудбал

Жанко Савов е нов тренер на Осогово

Осогово од Кочани во следната сезона ќе биде воден од славно фудбалско име, Жанко Савов денеска е назначен за нов шев на стручниот штаб.

Македонија

Поранешниот познат македонски фудбалер, Жанко Савов ја превзема тренерската функција во Осогово.

„ГФК Осогово во следната натпреварувачка сезона ќе го предводи легендата на македонскиот фудбал, Жанко Савов“, стои во соопштението на Осогово.

„По разговорот со луѓето во ГФК Осогово се решив да ја прифатам понудата. Ова раководство на клубот има добра визија со која сака Осогово да го врати на старите патеки и мислам дека се на добар пат“, вели Жанко Савов за официјалниот сајт на Осогово.

Тој е трикратен освојувач на титулата во македонската прва лига со Вардар со кој има и две победи во купот, а еднаш го освои и со Цементарница. Настапуваше и за Џонбука од Јужна Кореја, а го носеше дресот и на Раднички Ниш, Пелистер и Беласица. Како тренер има работено во Цементарница, Маџари Солидарност, Борец, Тетекс, Македонија ЃП.