24фудбал

Виеира го доби својот најголем тренерски испит засега

Беше опција за Арсенал и наследник на Арсен Венгер, но, до тоа не дојде.

Франција

Поранешниот фудбалер на Арсенал, Патрик Виеира иако подолг период беше поврзуван со клупата на Арсенал, односно, да го замени Арсен Венгер, до тоа не дојде а постоеа шпекулации кои велеа дека тој бил доста разочаран што англискиот клуб не му укажал таква шанса.

Виеира веројатно го добива својот најголем тренерски испит, откако денес и официјално го презеде кормилото на францускиот прволигаш Ница, а доаѓа од Њујорк Сити каде беше тренер две сезони.

41 годишниот Виеира на клупата на Ница доаѓа на местото на Лусијен Фавре кој го презеде кормилото на Борусија Дортмунд.