24фудбал

Ливерпул сакаше да се надмудрува со Лион во преговорите за Фекир, па сега цел им е играч кој испадна од Премиерлигата

Тимот од Енфилд неславно ги заврши преговорите за францускиот репрезентативец, а веќе пронајде и една опција како утеха.

Англија

Големи беа очекувањата од тоа што ќе направи Ливерпул во овој летен преоден рок откако тимот од Енфилд стигна до финалето од Лигата на шампионите, Фабињо е веќе ангажиран, а Наби Кеита исто така ќе се приклучи на тимот на Клоп.

Сепак, јасно е дека желба број еден на Ливерпул беше Набил Фекир, фудбалерот кој игра во животна форма, но, Лион, кој важи за клуб со тешки преговарачки методи не попушти во обидите на англискиот тим да ја намали цената на францускиот репрезентативец.

Преговорите помеѓу Ливерпул и Лион веќе пропаднаа, а според информациите кои пристигнуваат од Островот, сега како опција за Редсите се споменува Џердан Шаќири од Стоук, швајцарскиот репрезентативец кој со својот тим испадна од елитното друштво изминатава сезона од Премиерлигата, и тоа како претпоследен на табелата.

Шаќири има откупна клаузула од 12-14 милиони евра во својот договор со Стоук, сума која воопшто не е проблем за Ливерпул.