24фудбал

Во Фенербахче падна одлука околу Елмас?

Македонскиот репрезентативец има опција за повеќе минутажа во турската Суперлига, но одлуката е на Фенербахче.

Македонија

Турски „Фанатик“ пренесе дека нашиот 18 годишен репрезентативец Елиф Елмас веќе има една опција за овој летен преоден рок, а Фенербахче од старо-новиот Суперлигаш, Анкарагучу ја доби првата понуда за Македонецот, за позајмица од една година.

Според информациите кои ги наведе „Sporx“, се вели дека Дамиен Комоли, Французинот кој е на позицијата Спортски директор во Фенербахче, сака да го задржи Елмас во тимот, но, засега турските медиуми немаат информации за тоа какви се плановите на шефот на стручниот тим од Истанбул, Ајкут Кочаман.

Елмас играше една полусезона за Фенербахче, откако турскиот гигант не успеа да добие специјална дозвола за негова регистрација во период кога се уште имаше 17 години, тоа успеа да го направи зимото, по што нашиот фудбалер забележа седум настапи, на кои постигна и една асистенција.


 

Извор: sporx.com