24фудбал

Фекир го одбрал и бројот на дресот во Ливерпул

Англискиот клуб му дозволил на францускиот репрезентативец да го одбере и бројот на својот дрес.

Англија

Ливерпул бил толку блиску до реализација на трансферот на Набил Фекир од Лион што дури и му дозволил на францускиот репрезентативец да си го одбере бројот на својот дрес.

Медиумите на Островот ја повторија онаа теза од претходно, дека загрижувачките повреди на фудбалерот го натерале англискиот клуб да размисли неколку пати пред и официјално да го реализира трансферот вреден 53 милиони фунти, а Фекир требало да потпише петгодишен договор вреден повеќе од 140 илјади фунти неделна плата.

Секако, онаа другата верзија е тоа дека Ливерпул очајно се обидувал да се надмудрува со Лион во преговорите за францускиот клуб да ја намали цената на обештетувањето, а самиот тим од Франција објави дека преговорите пропаднале и дури по успешно поминатите лекарски прегледи.