24фудбал

Фернандо Торес останува во Европа?

Иако се шпекулираше дека Јапонија ќе биде следната дестинација на Фернандо Торес, постои шанса тој да остане во Европа.

Шпанија

„Франс фудбал“ пишува дека Лил е сериозно заинтересиран да го донесе Фернандо Торес во француското првенство.

Тие се во потрага по нов напаѓач и одлуката паднала на Торес кој е слободен играч. Но не јасно е дали и Шпанецот би сакал да игра за Лил.

Торес се поврзуваше со јапонскиот тим Саган Тосу, но Лил изгледа како поатрактивна опција, барем од натпреварувачки аспект.