24фудбал

Промашувањето на Интер од 50 милиони советува: Немојте да сте отишле во Италија!

Откако се покажа како големо промашување по трансферот на Џузепе Меаца вреден 50 милиони евра, Жоао Марио сега ги советува своите сонародници да ја избегнат Серија А

Италија

Тројца членови на експедицијата на Португалија во Русија побараа раскин на договорот со Спортинг и ги алармираа гигантите ширум Европа. Па иако пред „Селесао“ е стартот на Светското првенство и важен дуел со Шпанија, на денешната прес конференција главни беа прашањата за иднината Желсон Мартинс, Вилијам Карваљо и Бруно Фернандеш.

Жоао Марио беше тој кој одговараша, а фудбалерот од средниот ред имаше само мал совет до своите колеги од репрезентацијата.

Немојте да сте отишле во Италија, Серија А не треба да ја земете во предвид!” – вели Жоао Марио, кој пред две години направи богат трансфер од Спортинг во Интер вреден 50 милиони евра, но се покажа како големо промашување и во јануари беше испратен на позајмица во Вест Хем.

„Сепак, ова не е прашање за овој момент. Целата група е фокусирана на она што е важно, а тоа е мечот со Шпанија во петок“.