24фудбал

Атлетико договори големо засилување од Франција, што значи тоа за иднината на Гризман?

Реномираниот весник Лекип попладнево пренесе дека Атлетико Мадрид конечно пронашол договор со Монако за трансфер на Томас Лемар, веста може да има големо влијание врз иднината на Антоан Гризман

Шпанија

Антоан Гризман денеска се појави на прес конференција и сите очекуваа тој да соопшти дали останува на Ванда Метрополитано или се сели во Барселона. Но наместо да ја расчисти својата иднина, тој внесе дополнителна неизвесност откако истакна дека донел одлука која сепак нема да открие во овој момент.

Само неколку часа подоцна, пристигнува информација дека Атлетико Мадрид договорил големо засилување од Франција. Реномираниот Лекип пренесе дека „Колчонероси“ конечно постигнале договор со Монако за трансфер на Томас Лемар.

Детали од зделката не се обелоденети, но кога клубовите од Премиерлигата се обидоа да го ангажираат офанзивниот фудбалер минатото лето, се говореше за суми помеѓу 80 и 100 милиони евра.

Доколку и сега се работи за една ваква зделка се поставува прашањето дали Атлетико Мадрид ги троши парите од најавениот трансфер на Антоан Гризман во Барселона.

Но исто така низ медиумите кружи уште една теорија. Се говори дека Атлетико на Антоан Гризман му ветил конкурентен состав со кој ќе се атакува на трофеи, и со ваков голем трансфер му покажува дека прави тим за големи успеси.