24фудбал

Јаховиќ објави фотографија со Елмас и порача: Идната голема ѕвезда на Македонија

Еден од најдобрите напаѓачи во турската Суперлига има големи очекувања од големиот македонски фудбалски талент.

Македонија

Напаѓачот на Коњаспор, Адис Јаховиќ се сретна со неговиот сонародник, Елиф Елмас од Фенербахче, а обајцата фудбалери имаа средба во нашиот главен град.

Искусниот бомбардер објави слика од дружбата со Елмас, а на истата имаше интересна најава, истата гласеше „Идната голема ѕвезда на Македонија“.


Ќе издвоиме дека изминатиов период Елмас се поврзува со трансфер во старо-новиот турски Суперлигаш, Анкарагучу, а тамошните медиуми пренесоа дека првата понуда до Фенербахче за Македонецот е позајмица на една година.