24фудбал

Еве колку Реал ќе и плати на Шпанија за тоа што го „украде“ Лопетеги

Реал Мадрид ќе треба да ја обесштети Фудбалската федерација на Шпанија за тоа што им го „украде“ Хулен Лопетеги, „Кралевите“ ќе ја платат откупната клаузула вредна 2 милиони евра

Шпанија

Актуелниот шампион на Европа попладнево соопшти дека Хулен Лопеги ќе го наследни Зинедин Зидан, одлука која беше прилично изненадувачка, исто како и самата вест дека Зизу си поднел оставка.

Селекторот на Шпанија пред само дваесетина дена доби нов договор и ја продолжи соработката со „Црвената Фурија“ до 2020 откако донесе одлични резултати по превземањето на националниот тим.

За тоа што го „украде“ Хулен Лопетеги, Реал Мадрид ќе треба да и плати обесштетување на Фудбалската федерација на Шпанија.

Медиумите пишуваат за сума од 2 милиони евра, колку што изнесувала откупната клаузула на стратегот. Ова и не е така голема бројка ако се земе во предвид дека Реал Мадрид на Интер му плати 8 милиони евра во 2010 за Жозе Мурињо предвреме да ја прекине соработката со „Нероаѕурите“ и да се пресели на Сантијаго Бернабеу.