24фудбал

Го поврзуваа со Интер, но Балардини има друг план за Пандев, Македонецот добива нова улога во играта на Џенова!

Тренерот на Џенова веројатно нема намера да се откаже лесно од услугите на искусниот македонски фудбалер.

Македонија

Џенова избори опстанок во елитното друштво на Италија, а капитенот на Македонија и член на италијанскиот прволигаш, 34 годишниот Горан Пандев се уште го нема продолжено договорот со клубот.

Италијанските медиуми го поврзаа искусниот Пандев со враќање во Интер, но, денес Газета дело спорт, пренесе дека шефот на стручниот штаб на Џенова, Давиде Балардини има планови за него за идната сезона.

Според информациите, очекувањата се Пандев да ја продолжи соработката со Џенова, а Балардини има во план да го пресели Македонецот на друга позиција на теренот, во однос на претходната. Пандев од позиција на втор напаѓач веднаш зад најистурениот, би требало да игра нешто поназад, односно ќе биде „треквартиста“, главен организатор на играта, плејмејкер.

Пандев изминатата сезона имаше 32 настапи за Џенова на кои постигна и 5 погодоци.