24фудбал

Митровиќ до Шаќири: Ако веќе толку го сакате Косово, зошто играте за Швајцарија?

Српскиот напаѓач, Александар Митровиќ без влакно на јазикот одговори на провокацијата од Џердан Шакири кој на своите копачки стави знаме од Косово.

СП 2018

Србија и Швајцарија ќе ги одмерат силите во второто коло од групата Е на Светското првенство, а атмосферата уште сега почна да се загрева со национализам.

За селекцијата на Швајцарија играат повеќе фудбалери кои имаат потекло од Косово, некои од нив веќе изјавија дека ќе имаат посебна мотивација против Србија. Шакири и останатите најавија дека ќе имаат знаме на Косово на своите копачки.

Митровиќ кој важи за еден од најконтроверзните играчи во репрезентацијата на Србија, без влакно на јазикот го кажа своето мислење.

„Гестот со знамето на Косово на копачките не го сфатив како провокација. Тоа е негова работа и не треба мене да ме интересира“, изјави Митровиќ за српските медиуми.

„Нешто друго ми е чудно. Сите тие се расфрлаат со тоа знаме, а го одбија повикот да играат за нивната репрезентација. Тоа доволно зборува за нив. Ако толку го сакаат Косово, зошто ги бранат боите на друга земја?“.

Сепак Митровиќ има добри зборови за Шакири кого го познава од англиската лига.

„Знам дека е добро момче, сигурен сум дека во текот на мечот се ќе биде фер. Нивно е да ги облечат тие копачки и да се сликаат, а наше е да одиграме што е можно подобро“.