24фудбал

Шоу во Париз, мајсторија на Зидан од слободен удар и „безобразен“ трик на Анри (ВИДЕО)

Зинедин Зидан и Тјери Анри покажаа дека остануваат големи мајстори на фудбалската игра и ја воодушевија публиката на вчерашниот ревијален натпревар во Париз

Останато

Златната генерација на Франција од 1998 синоќа се собра и одигра ревијален натпревар во „У Арена“ во предградието на Париз. Противници им беа поранешни големи играчи од истата генерација, плус Усеин Болт.

Зинедин Зидан и Тјери Анри покажаа дека талентот не исчезнал и покрај тоа што годините поминаа. Популарниот Тити имаше „безобразен“ трик по кој постигна гол, а и Зизу ја крена публиката на нозе со мајсторија од слободен удар.