24фудбал

Дени Илиев добива нов конкурент, Арсенал носи голман од Бундеслигата

Арсенал е блиску до потпис со голманот на Баер Леверкузен, Бернд Лено, јавуваат германските медиуми.

Англија

Македонскиот голман, Дени Илиев добива нов конкурент во Арсенал. Според „Билд“, Бернд Лено наскоро ќе се пресели во Северен Лондон.

Германскиот весник пишува дека преговорите се одвиваат добро и наскоро ќе биде постигнат договор според кој за 20 милиони фунти Лено ќе стане голман на Арсенал.

Клубот сака да донесе конкуренција за Петр Чех кој има 36 години и уште една година од актуелниот договор со Арсенал.

Лено има 304 настапи за Леверкузен, но тие неодамна го ангажираа Лукас Храдецки од Франкфурт кој потпиша пет годишен договор што значи дека се подготвени за голманска смена.

Наскоро треба да биде објавено дека Дени Илиев ќе ја продолжи соработката со Арсенал, но веста за Лено не е добра за македонскиот голман.