24фудбал

САД, Мексико и Канада ќе бидат домаќини на СП 2026

„Дружината“ од Северна Америка го победи Мароко во трката за домаќин на Светското првенство во 2026 година.

Останато

САД, Канада и Мексико беа големи фаворити во битката со Мароко, резултатите од денешното гласање дадоа очекуван победник.

Тие добија 134 гласови од можни 200, за Мароко гласаа само 65 земји.

Светското првенство во САД, Канада и Мексико ќе биде првото кое ќе биде домаќин на 48 земји.

Последен пат Светско првенство на територијата на Северна Америка се организираше во 1994 година кога САД беше домаќин на Мундијалот.