24фудбал

Фернандо Јеро ќе ја води шпанија на Светското првенство

Легендата на Реал Мадрид, Фернандо Јеро е назначен за нов селектор на Шпанија откако Хулен Лопетеги доби шокантен отказ на ден пред почетокот на Светското првенство.

СП 2018

Реал Мадрид вчера објави дека Хулен Лопетеги ќе им биде нов тренер откако ќе заврши Светското првенство. Тоа не им се допадна на челниците на Шпанската федерација па денеска експресно му врачија отказ.

Неколку часа подоцна Шпанската федерација објави дека легендарниот Фернандо Јеро ќе биде селектор на селекцијата за време на Светското првенство.

Фернандо Јеро беше спортски директор на репрезентацијата на Шпанија. Тој има скромно тренерско искуство. Беше на клупата на Овиедо во сезоната 2016/2017.