24фудбал

Лопетеги вечер ќе ја каже својата страна од приказната, Реал ја закажа презентацијата на новиот тренер

Хулен Лопетеги ќе се појави пред новинарите во 19 часот кога ќе биде преставен како нов тренер на Реал Мадрид, стратегот ќе има прилика да ја каже својата страна на приказната

Шпанија

Хулен Лопетеги ја однесе Шпанија на светско но нема да ја предводи „Фуријата“ во Русија и мундијалот ќе го следи од дома откако вчера федерацијата донесе шокантна одлука и му врачи отказ на еден ден пред почетокот на СП 2018.

Луѓето од ФФШ беа гневни поради тоа што беше објавено дека тој се договорил со Реал Мадрид да го наследи Зинедин Зидан на кормилото на Сантијаго Бернабеу. Наводно преговорите се воделе во тајност а претседателот бил известен пет минути пред „Кралевите“ да го испратат соопштението.

Иако имаше закажана прес конференција за вчера, стратегот не се појави пред новинарите во Краснодар, само си ги спакува куферите и замина за Мадрид. Тој сепак вечерва ќе може да ја каже својата страна од приказната.

Шампионот на Европа реши да не губи многу време и во 19 часот закажа средба со медиумите на која ќе го промовира Хулен Лопетеги за нов тренер.