24фудбал

Гризман на необичен начин ја соопшти иднината, со документаран филм откри дека останува во Атлетико!

Антоан Гризман конечно објави каде ќе настапува во новата сезона, Французинот и во иднина ќе го носи дресот на Атлетико Мадрид и нема да направи трансфер во Барселона

Шпанија

За иднината на Французинот се пишува со месеци, имаше најави дека веќе се договорил со Барселона и ќе се пресели на Камп Ноу во зделка вредна 100 милиони евра. Но како одминуваше времето, изостануваше официјална информација за ваков трансфер, па се посилно се говореше за негово останување.

Антоан Гризман најави дека ќе го открие името на новиот клуб пред почетокот на мундијалот и откако умешно ги избегнуваше новинарските прашања изминативе денови, тој вечерва на необичен начин ја соопшти иднината. На крајот од документарниот филм кој беше пуштен во етер верчва, напаѓачот рече: „Одлучив да останам“.

Веднаш потоа Антоан Гризман се огласи и на социјалните мрежи каде напиша: „Моите фанови, мојот тим, МОЈОТ ДОМ!!! Атлетико Мадрид“.