24фудбал

BET-IBC совети за обложување: Португалија ќе се обиде да го искористи хаосот во Шпанија

„Фуријата“ пристигна во Русија како еден од фаворитите, но настана хаос во репрезентацијата откако селекторот Хулен Лопетеги доби отказ на 24 часа пред почетокот на СП

Останато

Агентот за големи облози во Азија и овој ден со неколку предлози ќе ви помогне да се одлучите што да одиграте.

Поругалија - Шпанија: Помалку од 2,5 погодока

Пресметката помеѓу Португалија и Шпанија веројатно е најзвучниот дуел во групната фаза од Светското првенство. Двата соседи вечерва ќе ги одмерат силите во Сочи. Секако главна вест во пресрет на оваа пресметка беше отказот кој го заработи селекторот на „Фуријата“, Хулен Лопетеги на ден пред почетокот на мундијалот. Кормилото го превзеде Фернандо Јеро, кој треба да го гаси пожарот кој настана со оглед на тоа дека капитените Рамос и Иниеста го советуваа првиот човек на федерацијата да не му врачи отказ на Лопетеги и да замижи пред начинот на кој Реал го „украде“ стратегот. Португалија сигурно ќе сака да го искористи овој хаос и да стигне до победа со која ќе го трасира патот кон првото место во групата кое по правило треба да донесе и полесен противник во осминафиналето. Актуелниот шампион на Европа нема никакви проблеми, сите тренираат со полна пареа и останува само Сантош да ги одбере единаесетмината за кој смета дека се најдобри во овој момент. Шпанија и Португалија се имаат сретнато 35 пати до сега, „Фуријата“ има 16 победи, „Селесао“ има шест, додека 13 меча завршиле нерешено. На светските првенства, Португалија и Шпанија се имаат сретнато само еднаш, „Фуријата“ триумфираше во 2010 со 1-0 во рамките на осминафиналето. И покрај сите работи кои се случија во кампот на Шпанија изминативе денови, „Фуријата“ останува како благ фаворит за овој меч. Со оглед на тоа што двете репрезентации нема да сакаат да загубат на стартот, веројатно ќе видиме претпазлив пристап и малку погодоци.

Допрете го врвот и обложувајте се без лимит и со облози на високи суми во Азија.

Египет - Уругвај: Победа на гостите

Откако Русија вчера извонредно го отвори Светското првенство, во вториот натпревар од Групата А, Египет се среќава со Уругвај. „Фараоните“ се на светско за прв пат по 1990, додека пак за популарните „Ла Селесте“ ова е трето учество во низа. Уругвај влегуваат како фаворити во овој меч и со триумф уште сега ќе направат значаен исчекор кон осминафинале со оглед на тоа дека Саудиска Арабија е најслабиот противник во групата. Избраниците на Оскар Табарез беа одлични во квалификациите, завршија како втори, а триумфираа и на последните три пријателски натпревари. Египет исто така имаше извонредни квалификации и заврши прв во својата група, но избраниците на Ектор Купер веќе шест натпревари се немаат радувано на победа, и за последен пат триумфираа во октомври минатата година. На трите подготвителни меча за мундијалот во Русија, Египет постигна само еден гол, два пати одиграа нерешено и еднаш загуби, на последниот тест меч беше поразен од Белгија со 3-0. Но на овие средба тие настапија без својот најдобар играч Мохамед Салах, кој мораша да паузира по повредата заработена во финалето од Лигата на шампионите. Сепак, фудбалерот на Ливерпул ќе биде подготвен за настап и неговото присуство на теренот сигурно ќе биде од големо значење, но останува да се види каква ќе биде неговата форма и колку мака ќе може да им создаде на Диего Годин и Хосе Хименез, кои се столбови на одбраната на Уругвај и Алетико Мадрид. За тоа каква е дефанзивата на Уругвај говори и фактот дека тие имаат примено само еден гол на последните пет меча. Египет и Уругвај се имаат сретнато само еднаш до сега, во 2006, репрезентацијата од Јужна Америка славеше со 2-0, па за очекување е и овој меч да им припадне на „Ла Селесте“.

Мароко - Иран: Победа или реми на домаќините

Во првиот натпревар од групата Б, Мароко се среќава со Ирак во Санкт Петербург. Двете репрезентации важат за аутсајдери во оваа група во која уште се Португалија и Шпанија, па доколку сакаат да се надеваат на чудо, од огромно значење ќе биде освојување на три бода. Ирак втор пат во низа игра на СП, додека пак за Мароко ова е прв мундијал по оној во 1998. Двете репрезентации прикажаа цврста игра во одбрана во квалификациите. Мароко ја сочува својата мрежа на шестте натпревари од Групата Ц, и беше единствениот тим кој не прими гол во третата рунда од квалификациите во Африка. Иран пак на девет меча немаше примени гол од квалификациите во Азија. Денешниот натпревар исто така ќе биде и пресметка на две ѕвезди од шампионотот на Холандија. Напаѓачот на Иран, Јаханбахш постигна 21 погодок во дресот на АЗ Алкмар и беше прв стрелец во Ередивисе, додека пак плејмејкерот на Мароко, Зијеш забележа 21 асистенција во дресот на Ајакс што е најмногу во најсилното првенство на Холандија. Мароко и Иран никогаш претходно не се сретнале на Светско првенство, но имаат еден меѓусебен дуел кој заврши без победник. Мароко влегува како благ фаворит на овој дуел и за очекување е избраниците на Ренар да стигнат до цел плен или барем бод.

Дали барате место за да ставите облози на некој од погоре наведените натпревари? Или можеби на сите од нив? Сега имате можност за добитни облози во Сингбет без неважечки со BET-IBC.