24фудбал

Хит видео во моментов: Како Иранците изведуваат аут против Мароко

Нема дилеми, Мароканците беа надитрени во секој поглед.

СП 2018

Мароко и Иран во моментов (57. минута 0-0) го играат својот прв натпревар на Светското првенство во Русија, во рамките на групата „Б“ каде вечерва се среќаваат Португалија и Шпанија.

Следиме речиси рамноправен натпревар во кој и двете селекции се израмнети по квалитетот на теренот, а еден детал фудбалските фанови не можеа а да не го забележат.

Станува збор за изведување на аут, сите беа подготвени во казнениот простор на Мароко, а противничкиот табор беше фокусиран на тоа, сепак, еве на крајот што испадна од тоа...