24фудбал

Јеро: Кога играте против Роналдо вакви работи можат да се случат

Фернандо Јеро е задоволен од играта на неговите фудбалери против Португалија, а причината што не победиле ја наоѓа во брилијантниот Кристијано Роналдо.

СП 2018

Шпанија и Португалија одиграа спектакуларно реми кое заврши 3-3 а пола од погодоците беа дело на Кристијано Роналдо.

„Кога играте против Роналдо вакви работи може да се случат. Нашиот тим добро ја чуваше топката, но за Кристијано еден момент на инспирација може да биде доволен“, вели Јеро.

Тој неочекувано се најде во улогата на селектор откако на ден пред почетокот на Светското првенство, Лопетеги доби отказ.

„Оваа ситуација не е лесна за мене. Добив шанса да работам со тим со толку многу добри играчи, млади и искусни, а тоа ми ја прави работата полесна. Сите во тимот и стручниот штаб добро се однесуваат, се чувствувам привилигиран“.