24фудбал

ФИФА отвори истрага за натпревар од Мундијалот

Иако беше распродаден до последното место, фудбалската арена во Екатеринбург на натпреварот не беше исполнета до последното место на трибините.

СП 2018

Повеќе од пет илјади места на трибините од „Јекатеринбург“ арената во истоимениот град во Русија останаа празни од мечот помеѓу Уругвај и Египет на Светското првенство.

Стадионот е со капацитет од 33,061 гледачи, а за мечот продадени беа 32,278 влезници, сепак, на трибините имаше 27.015 гледачи, па останува отворено прашањето каде „исчезнаа“ повеќе од пет илјади љубители на фудбалот кои имале влезници, но не се појавиле на стадионот.

Светската фудбалска организација ФИФА соопшти дека ќе истражи за да дојде до причините за тоа зошто се случи сево ова на мечот кој го доби Уругвај со 1-0.

Можеме да потврдиме дека официјалната бројка на гледачи за мечот помеѓу Египет  Уругвај во Екатеринбург беше 27,015. Капацитетот на стадионот изнесува 33,061, фактот што актуелната бројка е помала од бројот на продадени влезници отвора дилема, но истото може да се случи поради повеќе фактори, вклучувајќи и го наједноставните, фановите да резервирале или да купеле карти но да не се појават на натпреварот, ФИФА во моментов го истражува ова“ наведоа од ФИФА.