24фудбал

Официјално: Мирко Ивановски е нов фудбалер на Хајдук

Македонскиот напаѓач, Мирко Ивановски потпиша за славниот хрватски клуб, Хајдук.

Македонија

Со игрите во Славен Белупо, Ивановски го привлече вниманието на луѓето од Хајдук кои успеја да дојдат до македонскиот фудбалер.

Ивановски кој ќе го носи дресот со бројот осум е пресреќен што потпиша за Хајдук.

„Не можам да го опишам чувството што потпишав за Хајдук, пресреќен сум што ќе го носам дресот на овој клуб и едвај чекам да почнат натпреварите за да можам да покажам зошто ме донесе раководството на овој клуб. Знам дека тука очекувањата секогаш се големи, но такви се и моите, се надевам дека во следната сезона заедно ќе направиме големи работи“, изјави Ивановски по потпишувањето на договорот.

Мирко Ивановски кој има 27 натпревари за нашата репрезентација, потекнува од школата на Пелистер, играше и во Македонија Ѓорче Петров пред да ја почне интернационалната кариера, играше за полска Арка, па во Романија за Астра и Клуж, во Унгарија го носеше дресот на Видеотон, беше член и на Буалспор во Турција од каде се пресели во Славен Белупо.