24фудбал

На големо изненадување доби шанса место Сане, а по поразот од Мексико се смееше и правеше селфи (ФОТО)

По изненадувачкиот пораз на Германија од Мексико во воведниот натпревар на мундијалот, „Билд“ жестоко удри по младиот Јулијан Бранд откако фудбалерот направи селфи со фановите

СП 2018

Кога Јоаким Лев го објави конечниот состав на „Панцирите“, во фудбалскиот свет како бомба одекна изоставувањето на Лерој Сане, кој имаше импресивна сезона зад себе во дресот на Манчестер Сити. Во прв момент се говореше дека ваквиот потег на Јоги не е поврзан со перфомансите на играчот, туку со неговото однесување.

На негово место шанса доби Јулијан Бранд од Баер Леркузен, кој сега се најде на тапет на најпознатиот германски весник, популарниот „Билд“.

Причина за ова не е залагањето на Бранд и она што тој го прикажа во завршните мигови од средбата против Мексико кога беше освежување и за малку ќе донесеше реми. Јулијан го навлече гневот на „Билд“ и на Германците поради тоа што по поразот се смееше и направи селфи со навивачите.

„Германија потфрли на стартот од СП 2018 а Јулијан Бранд немаше попаметна работа па се смееше пред камерата на еден навивач. Секунди по последниот свиреж, ѕвездите на Германија се разочарани, фрустрирани и натажени, но една личност можеше да се насмевне“ – му се нафрли „Билд“ на Јулијан Бранд.


Самиот Јулијан Бранд потоа на Билд му ја правдаше својата постапка и рече: „Кога тргнав накај соблекувалната, пред тунелот едно дете врескаше по мене, ме замоли за селфи и во тој момент не ми изгледаше дека правам нешто лошо“.