24фудбал

Ништо од ПСЖ, Џиџи Буфон ќе ја продолжи кариерата преку „барата“?

Џиџи Буфон изминатиов период силно се поврзуваше со преселба во ПСЖ, но судејќи според последната објава на социјалните мрежи тој би можел да заврши во МЛС шампионатот и Лос Анџелес

Италија

Италијанската легенда по 17 години поминати во дресот на Јувентус, минатиот месец реши да стави крај на авантурата во Торино. Сепак, Џиџи Буфон не замина во пензија откако на негова адреса пристигнаа неколку примамливи понуди.

Се говореше дека проектот на ПСЖ е најпривлечен за 40 годишниот голман, во неколку наврати се појавија информации дека двете страни се договориле, но никако да пристигне официјална потврда.

Сепак, судејќи според последната објава на социјалните мрежи, Џиџи Буфон би можел да заврши во МЛС шампионатот.

Тој на Твитер се пофали дека добил подарок дрес од ЛА Лејкерс како и баскет потпишан од иконата Коби Брајант, на кого Италијанецот му порача дека наскоро ќе се сретнат во Ел-Еј.