24фудбал

Шкендија ги доби можните противници за првото коло од Лигата на шампионите

Познати се петте можни противници за Шкендија во пресрет на утрешната ждрепка за првото квалификационо коло од Лигата на шампионите.

Македонија

Утре во 12 часот во Нион ќе почне ждрепката за квалификациите од Лигата на шампионите, оваа година Шкендија е македонскиот претставник.

Македонскиот шампион за противник ќе добие некој од АПОЕЛ (Кипар), Карабах (Азербејџан), Шериф (Молдавија), Њу Сеинтс (Велс) и Видеотон (Унгарија).

Првите натпревари од првото квалификациско коло се играат на 10 и 11 јули, реваншите се на 17 и 18 јули.