24фудбал

ВАР технологијата и донесе победа на Шведска против Јужна Кореја (ВИДЕО)

Шведска со минимални 1-0 ја совлада Јужна Кореја од пенал кој беше досуден по интервенција од ВАР технологијата.

Останато

Шведска стартува со победа на Светското првенство, голот го даде благодарение на технологијата, но сосема заслужено се радува на триумфот.

Швеѓаните беа подобри во текот на целиот натпревар, создадоа повеќе добри шанси, Јужна Кореја не беше опасна, речиси и да немаше некоја посериозна можност.

По 20 минути игра Берг имаше фантастична шанса, беше еден на еден со голманот, шутираше силно, но Во Чо го доби овој дуел.

Во продолжението Берг имаше уште една шанса, а се обиде и Класон со глава, но во првиот дел мрежите мируваа.

Во вториот дел иста слика на теренот, Шведска напаѓаше, Јужна Кореја се бранеше. 

Судијата во првото полувреме имаше една погрешна проценка кога требаше да досуди пенал за Шведска, но не го направи тоа. Во вториот дел имаше слична ситуација, повторно беше фаулиран играчна Шведска а судијата не покажа на белата точка. Овој пат ВАР пресуди и ја промени одлуката на судијата.

Сигурен реализатор на најстрогата казна беше капитенот Андреас Гранквист, погодок кој значеше и победа.

До крајот на мечот Јужна Кореја се обидуваше да израмни, но создадоа само една шанса и тоа во судиското продолжение кога Хи Чан Хванг биеше со глава покрај голот.

Во следното коло од групата Ф, Шведска игра против Германија, а Јужна Кореја со Мексико.