24фудбал

Сампаоли не знае кај тера, ја менува формацијата и прави три измени во составот за против Хрватска (ФОТО)

Хорхе Сампаоли подготвува револуција во составот на „Гаучосите“ по само еден натпревар на мундијалот, медиумите велат дека стратегот ќе излезе со нова формација и неколку измени во тимот против Хрватска

СП 2018

Аргентина едвај се пласираше на СП 2018, а играше под очекувањата и во подготвителните натпревари. „Гаучосите“ потфрлија и на вовоедниот натпревар во Русија откако одиграа само 1-1 со дебитантот Исланд. Јасно е дека нешто не штима во репрезентацијата, па Хорхе Сампаоли подготвува револуција во составот веќе за дуелот со Хрватска.

Според медиумите од Аргентина, стратегот ќе ја замени формацијата и ќе направи барам три измени во стартниот состав. Една од опцииите е 3-3-3-1 во која Меркадо ќе го замени Рохо покрај Отаменди и Таљафико во одбраната составена од тројца играчи, додека Акуња ќе игра место Биља во средниот ред покрај Маскерано и Салвио. Ди Марија ќе му го препушти местото на Павон, кој ќе биде покрај Меси и Меза во офанзивната линија зад напаѓачот Агуеро.

Втората опција е формација 3-4-3, каде одбраната исто така ќе биде составена од Меркадо, Отаменди и Таљафико, додека Енцо Перез би се нашол во средниот ред заедно со Акуња, Маскерано и Салвио, а Павон ќе им прави друштво на Меси и Агуеро во форот.