24фудбал

Сари заедно со една од најголемите легенди на Челси ќе го води лондонскиот клуб!

Челси наскоро ќе ја објави тренерската смена, пишуваат англиските медиуми, а навивачите на клубот ќе бидат задоволни од одлуката на раководството.

Англија

Според „Дејли Мејл“ Маурицио Сари ќе биде новиот тренер на Челси, а негов помошник Џанфранко Ѕола кој според многумина е најдобриот играч во историјата на синиот клуб.

Раководството на Челси постигнало договор со Конте и неговиот сручен штаб за разделба со оштета од 9,5 милиони фунти и тоа наскоро ќе биде соопштено и официјално.

Сари и Ѕола ќе бидат тренерскиот тандем кој треба да го врати Челси во Лигата на шампионите и повторно да биде конкурентен за најголемите трофеи.