24фудбал

Шкендија доби посакуван противник во квалификациите од Лигата на шампионите

Шкендија имаше добра ждрепка за квалификациите од Лигата на шампионите, го доби најслабиот од можните пет противници, Њу Сеинтс од Велс.

Македонија

Шкендија против Њу Сеинтс ќе ги почне квалификациите од Лигата на шампионите, македонскиот претставник не беше носител, па можеше да добие и некој од АПОЕЛ (Кипар), Карабах (Азербејџан), Шериф (Молдавија) и Видеотон (Унгарија) кои важат за потешки противници.

Првиот натпревар Шкендија ќе го игра на домашен терен, а реваншот во Велс.

Првите натпревари од првото квалификациско коло се играат на 10 и 11 јули, реваншите се на 17 и 18 јули.