24фудбал

Нејмар со болна гримаса го напушти тренингот, вклучени алармите во Бразил (ВИДЕО)

Нејмар предвреме го заврши денешниот тренинг на „Кариоките“ во Сочи, напаѓачот со болна гримаса на лицето и поткривнување го напушти теренот

СП 2018

Откако вчера го пропушти тренингот, Нејмар денес истрча на теренот но издржа само десетина минути. Уште на загревањето, кога играше шева со Вилијан, Кутињо, Тиаго Силва, Миранда и Паулињо, напаѓачот се пожали на болки во десниот скочен зглоб кога удри една топка.

Тој се обиде да продолжи, но неколку секунди подоцна повторно почувствува болка, па во придружба на фитнес тренерот го напушти тренингот со подкривнување.

Снимките делуваат загрижувачки, но потпаролот на репрезентацијата уверува дека не се работи за ништо сериозно и дека ова е последица од ударите кои Нејмар ги добил на дуелот со Швајцарија кога врз него беа направени дури 10 прекршоци.

Тој исто така додава дека за денес планот и онака бил напаѓачот да не го одработи целиот тренинг и веќе од утре Нејмар да почне со подготовките за мечот со Костарика во петок.