24фудбал

Русија ја полни мрежата од голот на Египет (ВИДЕО)

Египјаните издржаа само едно полувреме против домаќинот на големиот фудбалски собир, за Русија ова е голем резултат.

СП 2018

Русија и Египет играа рамноправен фудбал во првите 45 минути а мрежите мируваа во првото полувреме, но, само две минути во вториот дел беа доволни за Зборнаја да поведе.

Во 47. минута Фати беше невнимателен и за момент го смени правецот на топката која на крајот заврши во мрежата од голот на неговата селекција.

Во 59. минута Черишев зголеми на 2-0 за Русија која три минути подоцна преку Ѕјуба зголеми и на 3-0.